Бразил е вториот финалист

08.08.2012 09:33 | KumanovoNews

Фудбалерите на Бразил го осигураа настапот во финалето на Олимписките игри каде што ќе се сретнат со репрезентацијата на Мексико.

Бразил е вториот финалист

Иако важеа за голем фаворит, бразилците веќе во раната фаза од натпреварот против Јужна Кореја се соочија со проблеми во одбраната, Јужнокорејците напаѓаа од сите страни, во еден наврат Хуан Хесус ја извади топката од самата гол линија, а корејците врзаа неколку сериозни шанси по ред.

Сепак Бразилците успеаа да се консолидираат и конечно почнаа да создаваат шанси за гол. Марсело одлично помина четворица противнички фудбалери и го пронајде Дамиао кој го упати првиот удар кон голот на Јужна Кореја. Следуваа уште неколку шанси на Бразил, а во 38-та минута Ромуло го доведува Бразил во водство, резултат со кој заврши првото полувреме.

Почетокот на второто полувреме беше реприза на првото. Јужна Кореја повторно тргна во офанзива по голот на Бразил, меѓутоа Кариоките го зголемија своето водство во 57-та минута преку Дамиано. Истиот фудбалер во 64-тата минута го постигнува својот втор гол на натпреварот за убедливи 3-0 во корист на репрезентацијата на Бразил. Во финалето Кариоките за Олимпиското злато ќе се борат против репрезентацијата на Мексико која славеше над Јапонија со 3-1.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk