Бразилски вуду свештеник фрла клетва на германците

07.07.2014 09:30 | KumanovoNews

Бразилски вуду свештеник изјави дека ќе фрли клетва на еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата на Германија, пред полуфиналето на Светското првенство во Бразил.

Бразилски вуду свештеник фрла клетва на германците

Натпреварот се игра утре во 22 часот, а вуду свештеникот Хелио Силман користејки вуду кукла, ќе се обиде да им ја олесни работата на своите репрезентативци.

На нивниот најдобар играч му ги „врзав“ нозете и нема да може да трчи на натпреварот - изјавил Силман за Франс-прес.

Тој не го потенцира играчиот на кој мислел, а додал дека овој ритуал го практикувал пред секој меч на Бразил, кој досега победи на четири од петте натпревари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk