Бронзен медал за пингпонгарот Андреј Васевски на турнир во Врање

31.01.2023 13:36 | Сузана Николиќ

Трето место освои Андреј Васевски, член на Пинг понг клубот „Куманово“, кој викендов учествуваше на Меѓународниот турнир во Врање, Република Србија.

Бронзен медал за пингпонгарот Андреј Васевски на турнир во Врање

„Оваа е традиционален турнир на кој редовно учествуваме и постигнуваме значајни резултати, па така и оваа година нашиот надежен јуниор Андреј Васевски освои бронзен медал и е третопласиран во категорија на јуниори. На турнирот учествуваа и нашите надежни пингпонгари (кадетити) Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски, кои играа во границите на нивните можности. Задоволен сум од прикажаната игра на моите ученици во овој момент. Не очекува интензивен тренажен период, бидејки за 15-дена  ни започнува пролетниот натпреварувачки дел со бодовни Мастер турнири во сите категории, каде очекувам најмалку да ги повториме  минатогодишните резултати“, истакна тренерот Мики Трендафиловски. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk