Ќе ја напуштат ли кумановските клубови првата лига?

15.02.2012 13:19 | KumanovoNews

 Раководството на Сојузот на спортови во Куманово размислува да ги повлече сите клубовите кои се натпреваруваат во првата македонска лига по одлуката на Кошаркарската федерација на Македонија да го казни Куманово, по натпреварот против Лирија.

Ќе ја напуштат ли кумановските клубови првата лига?

Сите лиги во државата се подредени на два-три клуба и кругот се затвара во Скопје.Ако Сојузот на спортови и Oпштината вложува во развојот на спортот и репрезентативно го претставува градот, сето тоа ќе се стави под прашалник, бидејќи сите спортски правила се прекршени. Затоа прашуваме дали на некого му смета спортскиот успех на Куманово. Дали е ова спорт или е вмешана и политиката. Не сакаме да веруваме дека е така, но сите показатели одат во таа насока. Утре ќе имаме управен одбор на Сојузот на спортови, ќе го вклучиме и градоначалникот и Советот на општината, па ако работите не се постават на свое место, релевантни фактори што учествуваат во спортот ќе донесат одлука за натамошните активности- изјави Сашо Петрушевски претседател на Општинскиот сојуз на спортови, на денешната прес конфернција на која присуствуваа претседателите на клубовите на ракометарите, кошаркарите, одбојкарите и ракометарките.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk