Челзи е првиот финалист, го чека Реал или Баерн

25.04.2012 12:33 | KumanovoNews

Вчерашниот натпревар помеѓу Челзи и Барселона заврши со резултат 2:2, со што сините од Лондон обезбедија ново финале во Лигата на Шампионите. Вечерашниот дуел помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе го даде и вториот патник во финалето.

Челзи е првиот финалист, го чека Реал или Баерн

По исклучувањето на капитенот Тери и двата гола во првото полувреме се чинеше дека тука некаде е и крајот за надежите на Челзи. Сепак одличниот гол на Рамиреш ги врати надежите за гостинскиот тим, а по промашениот пенал тимот на Челзи делуваше се посигурно. Фернандо Торес само го запечати испаѓањето на Барселона со гол кој донесе нерешен резултат и ја продолжи одличната низа на Роберто ди Матео.

Сепак тренерот ќе се соочи со доста проблеми до финалето на 19.мај поради отсуството на Џон Тери, Ивановиќ, Меирелеш и Рамиреш кои нема да настапат поради проблем со картони.

Во вечерашниот дуел, Реал Мадрид ќе се обиде да ја надохнади негативата од еден гол во дуелот против Баерн Минхен. Германците сигурно ќе се обидат да остварат добар резултат и да ја сочуваат предноста од 2:1, а додатен мотив за нив е тоа што финалето би го играле на домашен терен, односно во нивната Алијанц арена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk