Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На денешното извлекување на двојките за четвртфиналето во Лигата на шампионите, одржано во седиштето на УЕФА, во Нион беше одредено два од трите англиски тима да играат меѓу себе
Ќе се состанат Челзи и Манчестер Јунајтед, а другите четвртфинални двојки се: Реал Мадрид-Тотенхем, Барселона-Шахтјор и Интер-Шалке.
Термини за одигрување на првите натпревари се 5-ти и 6-ти април и на реваншите на 12-ти и 13-ти април.
Воедно беа извлечени и полуфиналните двојки: победникот од натпреварот Интер-Шалке ќе игра со победникот од дуелот Челзи-Манчестер Јунајтед, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелите Реал Мадрид или Тотенхем против Барселона или Шахтјор.
Финалето се игра на 28.мај во Лондон на стадионот Вембли.
Во четвртфиналето од Лигата на Европа на денешното извлекување во Нион беше одредено да играат: Порто-Спартак Москва, Бенфика-ПСВ, Виљареал-Твенте и Брага-Динамо Киев.
Термини за одигрување на натпреварите се 7-ми и 14-ти април
Во полуфиналето од ова натпреварување двојките се: победникот од дуелот Брага или Динамо Киев против победникот од дуелот Бенфика или ПСВ. Во второто полуфинале двојката ќе ја формираат победниците од дуелите Порто или Спартак Москва против Виљареал или Твенте.
Финалето во Лигата на Европа ќе се одигра на 18-ти мај во Даблин.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk