Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со три натпревари во Шпанија и еден во Грција вечерва стартува четвртфиналето во кошаркарската Евролига. Според програмата, прв ќе почне дуелот меѓу Олимпијакос и Монтепаски, почетокот е во 20 часот
Во 20:30 часот својот натпревар ќе го почнат Каха Лаборал и Макаби, додека за 20:45 часот се закажани почетоците на другите два дуела кои се играат во Шпанија, а тоа се: Барселона – Панатинаикос и Реал Мадрид – Валенсија.
Четвртфиналето во Евролигата се игра во серија подобар од пет или додека една од екипите не постигне три победи.
Вториот натпревар на програмата е во четврток, а завршниот турнир се игра во Барселона од 6 до 8 мај.
Актуелен европски шампион е тимот на Барселона.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk