Црвен Крст се вклучува во фудбалски натпревари

19.05.2012 11:25 | KumanovoNews

 Волонтери на Црвен Крст почнувајќи од утреа ќе организираат повеќе натпревари во фудбал под мотото “Насмеј го детето“. Спортските активности ќе бидат во соработка со забавните школи за фудбал.

Црвен Крст се вклучува во фудбалски натпревари

Членовите на Црвен Крст од 7 и 8 одделение, како и од прва и втора година средно ќе формираат фудбалски екипи. На натпреварите Црвен Крст ќе има обврска да испраќа по двајца лекари кои би укажале прва помош во случај на повреда. Ќе биде обезбедено санитетско возило и медицински материјал.

Планирано е една фудбалска екипа да има десет члена меѓу кои задолжително ќе има едно девојче. Овие настани се поддржани од Фудбалскиот сојуз на Норвешка и една данска асоцијација.Натпреварите ќе се играат на стадионот „Башкими„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk