ЦСКА го отвори Евролигашкото првенство со победа

18.10.2011 11:45 | KumanovoNews

Кошаркарите на ЦСКА Москва вчера на отварањето на сезоната во Евролигата, беа подобри од екипата на Жалгирис со резултат 87:74.

ЦСКА го отвори Евролигашкото првенство со победа

Екипата од Москва ја искористи подолгата клупа и поквалитетните поединци во својот тим. Алексеј Швед постигна 19 поени, а Андреј Кириленко 17 поени со 15 скока во победата над Жалгирис. Во домашниот тим Де Хуан Колинс постигна 18 поени а Сони Вимс 16.

Пресостанатите денови ќе се одиграат следните натпревари:

  • Група А: Фенербахче - Каха Лаборал, Канту - Нанси, Билбао - Олимпијакос
  • Група Б: Жалгирис - ЦСКА (74:89), Панатинаикос - Уникаха, Бросе - Загреб
  • Група Ц: Партизан - Ефес, Сарлоа - Реал Мадрид, Армани - Макаби
  • Група Д: Уникс - Монтепаски, Проком - Галтасарај, Олимпија - Барселона
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk