Чудесен рекорд на Светското првенство во пливање

02.08.2013 05:50 | KumanovoNews

Данската пливачка Рике Педерсен го срушила рекордот на 200 метри градно на Светското првенство во Барселона и тоа веќе во полуфиналната трка.

Чудесен рекорд на Светското првенство во пливање

Досегашниот најдобар резултат во историјата на оваа дисциплина го држела Американката Ребека Сони, а 24-годишната пливачка од Данска го поправила за 48 стотинки: Времето на новиот Светски рекорд изнесува 2 минути и 19.11 секунди.

Инаку, најдобриот резултат на данската пливачка бил речиси една секунда послаб. На Олмпијадата во Лондон минатата година таа била четврта, а на Светското првенство во Шангај пред 2 години била седма.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk