Дамјановски:Навивачите да не шират национализам

10.12.2012 13:27 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски им порача на навивачките групи да се воздржат од провокации на спортските терени, бидејќи Куманово е мултиетничка средина и било какви тензии можат да му наштетат на соживотот во градот.

Дамјановски:Навивачите да не шират национализам

-  Во навивачката група Кумани, која постојано не следи на спортските натпревари, во последно време зачестија некои националистички испади. Направивме состанок на кој учествував и јас, и на кој дадов јасна порака дека натпреварите не треба да се користат за националистички цели, односно со националистички пароли да се излегува и да се влошува состојбата на етничкиот план во Општина Куманово. Знаеме дека Куманово е општина која има таква демографска структура, таква етничка структура што не би требало да ги користиме актуелните политички состојби. Спортот е само за спортисти, каде навивачи треба да уживаат, а не да билдаат национализам. Одговорно тврдам дека никогаш не сум барал на трибината освен навивачките обележја и националите знамиња, да се носат и политички обележја - изјави Дамјановски.

Тој им порача на граѓаните и навивачите да навиваат спортски и да не предизвикуваат инциденти. За поединечните прекршувања рече дека се дело на шовинистички групи кои сакаат да внесат раздор меѓу населението.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk