Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалерот на Работнички, Дарко Велковски, најдобриот млад фудбалер во Македонија за минатата година е еден од многуте талентирани тинејџери, кои допрва ќе градат кариера.
Ваква оценка даде познатата ТВ - станица, Еуроспорт, чија редакција на руски јазик се осврна на талентите од Балканот.
Овој 16 - годишен фудбалер доби комплименти дека е “македонски Кака“. Според ТВ Еуроспорт местото на Велковски е во Зенит каде би бил добра замена за рускиот репрезентативец Широков. Балканот беше посочен како место од каде потекнуваат талентирани фудбалери. Нашиот Дарко Велковски останатите медиуми го сместија меѓу 20 - те најдобри во Источна Европа. Се смета дека во иднина европскиот фудбал ќе зависи од балканските фудбалери, а не од јужноафриканските. Како позитивна особина е посочена дисциплинираноста на балканските играчи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk