Ден пауза на Мундобаскетот па елиминациски натпревари

05.09.2014 09:15 | KumanovoNews

Со натпреварот Србија - Шпанија кој заврши доцна навечер познати се осминафиналните натпревари во рамките на Светското првенство во Шпанија.

Ден пауза на Мундобаскетот па елиминациски натпревари

Термините за одигрување на натпреварите се 16, 18, 20, 22 часот, а натпреварите ќе се играат во Мадрид и Барселона.

Најтешко ќе пројдат екипите на Мексико кои за противник ја добија репрезентацијата на САД, односно Сенегал кој иако е вистинско изненадување на првенството ќе игра против екипата на Шпанија.

За во сабота се закажани уште два натрепвара помеѓу тимовите на Словенија и Доминиканската Република, односно дерби натпреварот на денот Франција - Хрватска.

Распоредот во недела се чини дека е поинтересен кога ќе гледаме Јужноамериканско дерби, Бразил - Аргентина, потоа следуваат натпреварите меѓу Турција - Австралија, Нов Зеланд - Литванија и Балканското дерби Србија - Грција.

Победниците на овие дуели, ќе имаат два дена пауза, по што следуваат четвртфиналните натпревари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk