Денеска играат Куманово - МЗТ Скопје

09.04.2021 09:54 | KumanovoNews

Екипата на Куманово денеска во 17 часот го пречекува тимот на МЗТ Скопје Аеродром, во заостанат натпревар од деветтото коло.

Денеска играат Куманово - МЗТ Скопје

Двете екипи забележаа пораз во последниот натпревар, па денеска ќе видиме која екипа ќе се врати на победничките патеки. Куманово загуби од Работнички на гостински терен иако имаше предност од 13 поени. МЗТ Скопје загуби на гостувањето во Гостивар, каде што играше без првиот тренер на тимот Дарко Радуловиќ и Дамјан Стојановски, а според неофицијални информации, таква ќе биде ситуацијата и денеска.

Натпреварот се игра во салата на Економското училиште.

Фото: Dudi Ohayon
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk