Денеска играат младинските женска и машка кошаркарска репрезентација, влезот за натпреварите е бесплатен

21.07.2025 10:53 | KumanovoNews

Како дел од Европската младинска олимпијада денеска во Куманово ќе се играат натпреварите во женска и машка кошарка. 

 

Денеска играат младинските женска и машка кошаркарска репрезентација, влезот за натпреварите е бесплатен

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска ќе игра со Белгија во спортската сала „Перо Наков“ со почеток во 16 : 00 часот.

Машката младинска репрезентација ќе игра во спортската сала Куманово со почеток од 18:15 часот против составот на Турција.

Влезот за сите натпревари е бесплатен.

Денеска на распоред се следниве натпревари:

Целосниот распоред за машките репрезентации (Спортсака сала Куманово)

11:30 часот – Латвија : Франција

13:45 часот – Израел : Србија

16:00 часот – Словенија – Литванија

18:15 часот – Македонија : Турција

Целосниот распоред за женските репрезентации („Перо Наков“)

11:30 часот – Германија : Финска

13:45 часот – Франција : Словенија

16:00 часот – Македонија – Белгија

18:15 часот – Унгарија : Шпанија

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk