Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалските репрезентации на Шпанија и Германија вечерва во 20.30 часот, ќе одлучат за вториот финалист на Светското првенство.
Нивниот натпревар во полуфиналето на Мондијалот ќе биде реприза на финалето на Европскиот шампионат од пред две години, а воедно и дуел на двата најдобри стрелци на турнирот во Јужна Африка, Давид Виља и Мирослав Клосе.
Виља во досегашното натпреварување постигна пет гола, додека Клосе четири пати ја затресе противничката мрежа.
Тешко е да се споредуваат Клосе и Виља, бидејќи и двајцата покажаа дека имаат одлично чувство за постигнување на голови-рекол селекторот на Германија Јоаким Лев.
Германија е најкомплетната репрезентација на Мондијалот, сметаат аналитичарите.
Германија до сега играше одлично, дадао голови на сите натпревари освен против Србија. Не смееме да им да дозволиме да не победат, вели селекторот на Шпанија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk