Денеска не очекува нов дуел на Куманово и Академија ФМП

01.11.2021 08:50 | Стефан Николиќ

По повеќе од две недели од домашното дерби во БИБЛ, екипите на КК Куманово и Навико Академија ФМП денеска повторно ќе ги одмерат силите но овој пат во рамките од домашното првенство. 

Денеска не очекува нов дуел на Куманово и Академија ФМП Фото: www.facebook.com/kumanovokk/

Предходниот натпревар беше цврст, неизвесен, одигран на мал број на поени и дефинитивно потсети на некои класични кошаркарски натпревари од деведесетите. Во тој дуел гостите од Кисела Вода беа поумешни во завршницата и на крај ја однесоа победата.


По тој натпревар за Куманово следуваше релативно тежок распоред во кој не забележаа победа, а одиграа натпревари против ТФТ Баскет и МЗТ Скопје. Академија ФМП доби засилување во американецот Бре Ајви и во домашното првество забележа две победи против Кожув и Еуро Никел. 


Во БИБЛ лигата двата тима беа поразени од Хапоел Галил од Израел. 


Куманово со скор од една победа и три порази се наоѓа на единаесетата позиција на табелата, додека ФМП се осми со две победи и два пораза. 


Натпреварот се игра во салата на училиштето Перо Наков со почеток во 19 часот, а директен пренос од натпреварот може да се погледне на следниот стрим.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk