Денеска започнува финалето во БИБЛ, Куманово гостува на Берое

11.04.2017 11:24 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово денска играат против екипата на Берое во првиот финален натпревар од БИБЛ лигата.

Денеска започнува финалето во БИБЛ, Куманово гостува на Берое

Кумановчани одиграа одлична сезона во регионалното натпреварување и го заслужија големото финале во кое ќе се обидат да забележат што подобар резултат пред реванш натпреварот кој се игра за седум дена во Куманово.

Тренерот на Куманово Марјан Србиновски смета дека Берое е најквалитетната екипа во БИБЛ лигата која користи 10-11 играчи во ротација и дека ќе имаат тешка задача во мечот против Бугарската екипа. Во изјавата за сајтот на БИБЛ лигата, Србиновски посочува дека Куманово имаше тежок распоред изминатиот период и дека имаат само два специјални тренинга пред натпреварот со Берое. Според него доколку ја сопрат транзицијата на Берое и офанзивниот скок, ќе имаат поволен резултат пред вториот натпревар.

Натпреварот започнува во 17:30 и ќе има директен пренос на Сител 3. Вториот финален натпревар помеѓу овие екипи ќе се игра за седум дена во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk