☰

Денеска започнува „Куманово Опен 2026“, Куманово ќе биде домаќин на тенисери од цела Македонија

30.09.2026 07:36 | KumanovoNews

Второто издание на „Куманово Опен 2026“ од денеска ќе донесе петдневна тениска програма во Куманово, со натпревари во машка и женска конкуренција.

Денеска започнува „Куманово Опен 2026“, Куманово ќе биде домаќин на тенисери од цела Македонија

На турнирот ќе настапат вкупно 80 учесници, од кои 64 во машка и 16 во женска конкуренција. Натпреварите ќе се играат по елиминациски систем, а финалните мечеви се предвидени за недела. Турнирот има рекреативен карактер, а организаторите обезбедија и награден фонд за најдобрите учесници.

Турниот започнува денеска во 16 часот. „Куманово Опен“ е еден спортски настан кој треба да ја збогати тениската сцена во градот и да им даде можност на домашните и гостинските тенисери да одиграат квалитетни мечеви пред кумановската публика. Настанот го организираме втора година по ред, со цел да прерасне во традиционален турнир - изјави Александар Павловиќ, организатор на турнирот. 

Тој додаде дека оваа година сакаат организацијата да ја подигнат на повисоко ниво, па ќе обезбедат резултати во живо, и видео пренос на социјалните мрежи. Во работните денови натпреварите ќе се играат од 16 до 22 часот, додека за викенд мечеви ќе има во текот на целиот ден. 

Тениските мечеви ќе се играат на терените кај Спортската сала во Куманово. Организаторите ја повикуваат публиката да ги проследат мечевите во поголем број.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk