Денеска започнува Купот на Македонија

19.02.2016 12:18 | KumanovoNews

Со натпреварот МЗТ Скопје - Бест денеска започнува 24.издание на Купот на Македонија. Куманово игра против Работнички од 18:00.

Денеска започнува Купот на Македонија

За Купот оваа сезона ќе се борат сите екипи кои настапуваат во Првата кошаркарска лига. МЗТ Скопје и Бест играат од 13 часот, а во 15:30 започнува натпреварот помеѓу Карпош Соколи и Струмица.

Екипата на Куманово во 18 часот игра против мотивираниот Работнички, кој успеја да забележи голема победа во градското дерби против МЗТ. Сепак Куманово е фаворит на овој натпревар, има 8 победи по ред во домашното првенство и се освен триумф на плаво-белите на овој натпревар би било изненадување.

Во вечерниот термин од 20:30 ќе играат Фени Индустри и домаќинот Кожув. Овој натпревар ќе биде најнеизвесен во денешниот ден.

Натпреварите помеѓу Куманово - Работнички и Фени Индустри - Кожув ќе бидат пренесувани на МРТ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk