Денеска започнува новата кошаркарската сезона

10.10.2015 11:16 | KumanovoNews

Со натпреварите помеѓу Кожув и Работнички односно Карпош Соколи и Бест, денеска во 19 часот започнува новата сезона во Првата кошаркарска лига.

Денеска започнува новата кошаркарската сезона

Куманово својот прв натпревар ќе го игра во вторник од 20 часот против екипата на Фени Индустри.

Оваа сезона предводник на кумановчани ќе биде Љубисав Луковиќ, кој на оваа функција седнува по трети пат. Димитар Караџовски, Александар Костовски, Вукашин Мандиќ, Урош Луковиќ и Марјан Јаневски се играчите кои играа и минатата сезона во Куманово. Одкако тие го продолжија договорот, тимот беше надополнет со странски кошаркари. Игор Бјелиќ, Ентони Ли Дивајн, Данило Неговановиќ и Урош Петровиќ се играчите на кои ќе може да се смета оваа сезона. Тимот го надополнуваат Кристијан Маневиќ, и младите кошаркари Миодраг Тодоровиќ, Ненад и Филип Стојановски, Ѓорѓи Ѓеоргиевски и Мартин Јовановиќ.

Освен во домашното првенство и Купот, Куманово ќе настапува во ФИБА Евро-Куп каде што е во групата „Ј“ заедно со полскиот Роса Радом, турскиот Анкара и финскиот КТП Баскет.

Во рамките на првото коло, утре тимот на МЗТ Скопје ја пречекува Струмица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk