Денеска започнува полуфиналната серија на кошаркарите

06.05.2016 14:30 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово денеска и гостуваат на екипата на Карпош Соколи, и започнува полуфналната рунда од Плеј-оф натпреварувањето.

Денеска започнува полуфиналната серија на кошаркарите

Екипата на Соколи немаше официјален натпревар одкако успејаа да го победат МЗТ Скопје во последното коло. Тие одмараа додека Куманово играше против Работнички, па одржувањето на континуитетот наптревари може да биде и предност на кумановчани пред овој дуел.

Натпреварите помеѓу Соколи и Куманово имаат своја тежина уште од минатата сезона, кога беше спорно започнувањето на Супер-лигата. Поради подобриот меѓусебен дуел, тимот од Карпош ќе има предност на домашен терен во евентуалната „мајсторка“ која носи место во финалето.

Натпреварот започнува во 19 часот со директен пренос на МРТ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk