Дино Баскет од Кочани му гостува на Бал фор лајф

10.03.2017 13:58 | KumanovoNews

Кошаркарите на Бал фор Лајф го играат единаесетото коло во Третата кошаркарска лига каде што го пречекуваат тимот на Дино Баскет од Кочани.

Дино Баскет од Кочани му гостува на Бал фор лајф

Кумановчани во првиот натпревар на гостински терен забележаа победа против ривалот од Кочани, па во недела ќе ја бркаат осмата победа во сезоната. Дино Баскет направи изненадување минатото коло и им го нанесе првиот пораз на МЗТ Скопје, па сигурно ќе дојдат мотивирани и во Куманово.

Од минатото коло екипата на Борец Баскет дефинитивно го напушти натпреварувањето и сите натпревари до крајот на сезоната ќе бидат регистрирани со службен резултат.

Натпреварот се игра во салата Панко Брашнаров во населба Карпош со почеток во 14 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk