Ѓоковиќ ќе го доведе Надал во Будва

26.07.2010 13:52 | KumanovoNews

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ најaви можност за организирање на промотивен меч во Будва со шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Ѓоковиќ ќе го доведе Надал во Будва

Мечот со Надал би бил придонес на Ѓоковиќ за промоција на Будва и Црна Гора во светот. Како што изјавил Ѓоковиќ, Црна Гора и Србија сеуште ги доживува како една држава - пишуваат подгоричките медиуми.

За организација на мечот со Надал, Ѓоковиќ разговарал со потпретседателот на црногорската Влада, Светозар Маровиќ и градоначалникот на Будва Рајко Куљача на вечера која ја организирале во чест на српскиот тенисер.

Не е исклучена ни можноста Будва да биде домаќин на тениски турнир, сличен на оној во Умаг и Београд.

Домаќинот на Ѓоковиќ размислува Будва да добие и тениски центар, што би ја збогатило туристичката понуда на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk