Ѓоковиќ е спортист на годината 2011

07.02.2012 15:14 | KumanovoNews

Првиот светски тенисер ја доби наградата пред австралискиот велосипедист Кадел Еванс, а номинирани беа и Лионел Меси, Дирк Новицки, Себастијан Фетел и Усеин Болт.

Ѓоковиќ е спортист на годината 2011

Новак Ѓоковиќ ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во 2011 година.

Знам дека изборот беше тежок. Бев во конкуренција на големи спортисти. Немам зборови колку многу ми значи ова признание. За воодушевување е она што го прави академијата Лауреус, благодарен сум и на сите што ме номинираа, членовите на академијата и новинарите. Наградата е плод на работата на целиот мој тим и тие придонесоа да бидам тоа што сум во моментов - изјави Ѓоковиќ.

Останати добитници на Лауреус наградата:

  • Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ (Србија), тенис
  • Спортистка на годината: Вивиен Черијот (Кенија), атлетика
  • Тим на годината: Барселона (Шпанија), фудбал
  • Враќање на годината: Дарен Кларк (Северна Ирска), голф
  • Пробив на годината: Рори Мекилрој (Северна Ирска), голф
  • Спортист на годината со хендикеп: Оскар Писториус (Јужна Африка), спринтер
  • Животно достигнување: Боби Чарлтон (Англија), фудбал
  • За придонес во спортот: Раи (Бразил), фудбал
  • Спортска личност на годината: Кели Слејтер (САД), сурфинг
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk