Ѓоковиќ елиминиран во Мајами

27.03.2013 09:04 | KumanovoNews

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го загуби мечот од 4.коло од турнирот во Мајами.

Ѓоковиќ елиминиран во Мајами

Подобар од него беше Томи Хас со 6:2 и 6:4 по сетови за еден час и 20 минути игра. Покрај поразот Ѓоковиќ ќе загуби и 1.000 поени, а одигра лош меч со дури 30 неизнудени грешки.

Пораз доживеа и вториот српски тенисер Јанко Типсаревиќ, кој со 2:1 беше совладан од Жил Симон.

Тесна победа во гемови , а 2:0 во сетови  постигна Марин Чилиќ во мечот со Жо Филфред Цонга.

Пласман во следното коло (четвртфинале) обезбедија: Ферер, Мелцер, Гаске, Мареј и Бердих.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk