Ѓоковиќ и Азаренка со најголема заработка во првите два месеци од 2013

26.02.2013 09:44 | KumanovoNews

Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ со заработени 2 559 519 долари ја предводи листата на играчи со најголема заработка од турнирите во првите два месеци од 2013 година.

Ѓоковиќ и Азаренка со најголема заработка во првите два месеци од 2013

На втората позиција според заработеното од турнирите е Британецот Енди Мареи со 1 358 559 долари, а тре е искусниот Шпанец Давид Ферер со 740 980 долари.

Кај дамите на првата позиција според заработката од турнирите во 2013 е Виткорија Азаренка од Белорусија со огромни 2 903 651 долар, потоа следуваат Кинескињата На Ли со 1 365 879 и Сара Евани од Италија со 745 862 долари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk