Ѓоковиќ ја освои својата прва круна во Монте Карло

21.04.2013 15:14 | KumanovoNews

Српскиот тенисер и актуелен број еден на светот, Новак Ѓоковиќ ја прекина осумгодишната доминација на Шпанецот Рафаел Надал на Мастерсот во Монте Карло и со 6-2, 7-6 триумфираше денеска во финалето на овој турнир.

Ѓоковиќ ја освои својата прва круна во Монте Карло

Ѓоковиќ ја освои својата прва круна во Монте Карло дури во третиот обид, откако двапати губеше од Надал во 2009 и 2012 година. Шпанецот, пак, од 2005 година наваму беше непобедлив се до денеска, кога Ѓоковиќ ја прекина осумгодишната серија на триумфи.

Србинот тргна убедливо во мечот и во првиот сет стигна набрзина до 5-0, па Надал се што стори беше да освои само два гема и да му ја препушти првата битка на Ѓоковиќ. Во вториот сет, двајцата тенисери одиграа многу поизедначен меч, Надал во шестиот гем направи брејк за 2-4, но Србинот се врати набрзина и по тај-брејкот стигна до својот прв трофеј на овој Мастерс.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk