Ѓоковиќ со шанса за враќање на прво место на АТП

22.10.2013 07:43 | KumanovoNews

Со победа на турнирот во француската метропола, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ би можел повторно да се врати на врвот на АТП листата.

Ѓоковиќ со шанса за враќање на прво место на АТП

Тоа што минатата година Новак беше прерано елиминиран на овој турнир, му оди во прилог годинава за да стигне до трофеј и се врати на првото место на АТП листата.

Доколу и шпанскиот тенисер Надал стигне до финалето на турнирот, заедно со Новак ќе имаа исти поени на листата, 12.120.

Шпанецот Надал ја задржува предноста до 400 поени во однос на Ѓоковиќ и сега е на врвот на АТП листата, но тоа би можело да се смени ако следната недела српскиот тенисер успее да го совлада противникот на турнирот во Париз.

За да биде Новак Ѓоковиќ прв, во предвид се земаат и поените од последните гранслем и мастерс турнири, како и минатогодишното издание на АТП шампионатот во Лондон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk