Ѓоковиќ стана татко, но ќе игра во Париз

22.10.2014 11:41 | KumanovoNews

Најдобриот тенисер на светот, иако вчера стана татко, не ги менува своите спортски ангажмани и ќе учествува на турнирот во Париз.

Ѓоковиќ стана татко, но ќе игра во Париз

Вчера тој го доби својот прв син кој ќе се вика Стефан, а породувањето на Монте Карло минало во најдобар ред.

Тој ќе мине неколку дена со семејството, а потоа ќе замине да ја брани титулата во Париз.

Покрај овој турнир, останува уште и завршниот турнир во Лондон, по што ќе може целосно да се посвети на семејството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk