Договорот испочитуван, РК Куманово утре игра против Пелистер

21.03.2014 12:13 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово утре ќе играат против тимот на Пелистер во рамките на 17.коло од Супер лигата.

Договорот испочитуван, РК Куманово утре игра против Пелистер

Под знак прашање беше утрешниот настап на ракометарите во Битола. Сепак испочитуван е договорот помеѓу клубот и Локалната самоуправа, и денеска е уплатена првата половина од платите на ракометарите за декември. Втората половина треба да биде платена на 1.април.

РК Куманово утре излегува на мегдан против големиот Пелистер, каде што домаќинот е голем фаворит.

Екипата на Пелистер има три или четири нови играчи од гостувањето во Куманово, кога ние успејавме да победиме. Тие се секако фаворит за победа во овој меч, меѓутоа тоа не не спречува да го дадеме својот максимум и да се обидеме да направиме изненадување, што ќе ни обезбеди подобра позиција  на табелата - изјави тренерот на РК Куманово Миодраг Јовановски Црни.

Натпреварот се игра во салата Младост во Битола со почеток во 18 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk