„Домашен“ натпревар на стартот од регионалното натпреварување

13.10.2021 08:05 | Стефан Николиќ

Кошаркарите на Куманово денеска го започнуваат својот настап во БИБЛ лигата, а прв противник е тимот на Навико Академија ФМП од Скопје. 

„Домашен“ натпревар на стартот од регионалното натпреварување Фото: www.facebook.com/kumanovokk/

Одкако се вратија од квалификациониот турнир за ФИБА Купот, Куманово ги започна и натпреварите во домашното првенство, каде што во две одиграни кола забележаа победа против Ангели во првото коло, и пораз на гостувањето во Гостивар. 


Екипата на ФМП досега има два порази, од дебитантот Феникс и во второто коло од Пелистер.


Натпреварот се игра во салата на училиштето Перо Наков со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk