Думиќ и Бешлиовски се нови кошаркари на Куманово

12.09.2018 10:21 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Куманово интензивно се подготвува за новата сезона, а од вчера во составот треба да се придодадат Филип Думиќ и Мето Бешлиовски кои потпишаа за клубот.

Думиќ и Бешлиовски се нови кошаркари на Куманово

Думиќ е 27 годишен кошаркар од Србија кој во својата кариера настапувал за Константин Ниш, Борац Чачак, Јединство, Вршац, а минатата сезона играше за Темишвар од Романија и Младост од Босна и Херцеговина. Висок е 183 центиметри Минатата сезона во екипата на Темишвар во 16 одиграни натпревари беше стартер на 12 меча, и постигнуваше скоро 9 поени и 4 асстенции по натпревар. Во Младост, на 10 одиграни натпревари постигнуваше 12 поени и скоро 6 асистенции по натпревар.

Второто засилување на Куманово е 22 годишниот Мето Бешлиовски кој доаѓа од кошаркарската школа на Вардар, а во својата кариера има настапувано уште за Фени Индустри и Карпош Соколи.

Куманово продолжува со подготовките а слениот викенд патуваат на турнир во Смедеревска Паланка во Србија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk