Двајца македонски пливачи на стартот од квалификациите

01.08.2013 06:17 | KumanovoNews

Анастасија Бодгановски и Горазд Чепишевски претпладнево ќе се појават во квалификациите на Светското првенство во пливање што се одржува во Барселона.

Двајца македонски пливачи на стартот од квалификациите

На 100 метри слободно кај жените во 4.та од осумте групи ќе плива Анастасија Богдановски.

Ова за неа ќе биде дебитантски настап на светските првенства. Таа е пријавена со време 57.22 секунди испливан на митинг во Шарлот што е и македонски рекорд.

На 200 метри грбно кај мажите Горазд Чепишевски е во првата од четири групи. Чепишевски е пријавен со државниот рекорд на Македонија 2:08.81 минути испливан на Медитеранските игри во Мерсин.

До крајот на шампионатот ќе плива уште Богдановски во трката 50 метри слободно за жени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk