Две кумановки во женската ракометна репрезентација

24.11.2017 11:46 | KumanovoNews

Александра Боризовска и Викторија Пеовска се двете кумановчанки, кои се наоѓаат на поширокиот список на женската ракометна репрезентација. 

Две кумановки во женската ракометна репрезентација

Во рамките на ЕХФ неделата, Боризовска и Пеовска заедно со останатите репрезентативки, ќе настапат на турниорот „Карпати Трофеј“ кој ќе се одигра во Крајова, Романија. Покрај Македонија и домаќинот Романија, учество ќе земат репрезентациите на Бразил и Полска.

На репрезентативниот список уште се наоѓаат голманите, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Наташа Антиќ, крилата Јована Саздовска, Сара Ристевска и Наташа Нолевска, бековите Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска, Леонида Гичевска, Душица Ѓоргиевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Ангела Тодоровска, Елена Ливриниќ, Дајана Јовановска, Зорица Десподовска и пивотите Ивана Гакидова и Марија Николиќ.

Македонија денеска во 17 часот го игра првиот натпревар против Бразил, утре играат против домаќинот на турнирот во 16 часот, а во недела се среќаваат со тимот на Полска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk