Две медали за младите пингпонгари на „Куманово“

03.01.2020 11:48 | KumanovoNews

Младите пингпонгари на Пинг понг клуб „Куманово“ постигнаа нов успех, на традиционалниот Новогодишен турнир во пинг понг, што се одржа минатата недела во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ во Скопје,  а во организација на Пингпонгарскиот клуб „Студент“.

Две медали за младите пингпонгари на „Куманово“

Андреј Васевски освои прво место, а  Ведран Рангелов беше втор на овој турнир во категорија на кадети.

„Пријатно е чувството кога твоите ученици ќе остварат добар резултат. Упорноста и желбата што ја покажуваат Андреј и Ведран полека но сигурно носи со себе и резултати а за мене како нивен учител  мотив повеќе. Не очекува уште многу, млогу работа, но во ист момент ме радува и желбата за тренинг“, истакна тренерот и координатор на ППК „Куманово“,  Мики Трендафиловски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk