Две нови засилувања во КК Куманово

17.06.2020 10:43 | KumanovoNews

 Кошаркарскиот клуб на Куманово, по потпишувањето на договорот со стратегот Владимир Мирковски, доведе две засилувања во тимот, Американецот Хулио Гуити на центарската  и Дамјан Робев на бековската позиција.

Две нови засилувања во КК Куманово

Странското засилување Хулио Гуити е 25 годишен кошаркар, кој завршил на Универзитетот Монтевало. Доаѓа од ерменскиот клуб Урарту, а претходно играл и во националните првенства на Босна и Херцеговина и на Малта, каде со својата екипа го освоил првото место.

Во последната сезона имал во просек 12.7 поени, 2.2 асистенции и 11.5 скокови. Играчот има потпишано максимален договор од една година. Од Американецот се очекува да го обезбеди обрачот пред се во одбраната, каде Куманово во изминатите сезони го имаше најголемиот проблем со посилните екипи.

Робев има 23 години и претходно настапувал во екипите на Гостивар и Вардар. Во изминатата сезона во КК Вардар бележи во просек 12.2 поени, 2.5 асистенции и 4.5 скокови. Тој ќе биде уште еден домашен играч кој ќе му биде на располагање на тренерот за следната сезона. Дамјан Робев со своето скромно искуство во македонскиот шампионат се очекува да му помогне на тимот до повисок пласман.

(Д.Давитковски)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk