Две победи за КК Михајловски изминатиот викенд

22.12.2014 13:47 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб „Михајловски“ во изминатите две кола успејаа да врзат две победи со кои активно ќе се борат за врвот на табелата.

Две победи за КК Михајловски изминатиот викенд

Тимот на Саша Дејановиќ успеја минатата недела во одложениот натпревар од осмото коло да слави против Шкупи со 83-62.

Овој викенд во рамките на деветтото коло „Михајловски“ успејаа да слават против Дино Баскет со 61-71.

Следниот натпревар се игра за два дена против тимот на Црн Дрим, додека последното коло ќе се игра овој викенд, каде што кумановскиот второлигаш ќе гостува во Тетово против Тетекс ТТК.

КК „Михајловски“ имаат скор од четири победи и четири пораза, со што се на делба од петтата до осмата позиција

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk