Две златни и една бронзена медала за пингпонгарите на Куманово

12.10.2024 09:03 | KumanovoNews

 Јаков Јакимовски и Јаков Кузмановски, членови на Пингпонгарскиот клуб Куманово, две златни и една бронзена медала на Турнир во пинг-понг за млади надежи "Куманово 2024", кој се одржа по повод празник 11 Октомври, во Куманово.

Две златни и една бронзена медала за пингпонгарите на Куманово

Јакимовски е апсолутен победник на овој турнир со две први места во категорија на кадети и јуниори, додека Кузмановски е трето пласирана кадет.

„Сакам да истакнам дека овој резултат е плод на континуирана работа на овие млади пинпонгари,  кои предводени од Андреј Васевски, кој за жал треба да паузира одреден период и не настапи на овој турнир, од оваа сезона ќе се натпреваруваат во Прва лига за сениори. На турнирот настапи и почетник Андреј Насковски кој играше во границите на своите можности“, кажа тренерот на ППК "Куманово" Мики Трендафиловски. 

Турнирнирот се држува о 10-пат, а зедоа учество млади таленти од четири клуба во државата.

 Резултати:

Кадети 
1 место Јаков Јакимовски ППК "КУМАНОВО" од Куманово 
2 место Давид Јонески ППК "Младост 96" од Прилеп 
3 место Јаков Кузмановски ППК "КУМАНОВО" од Куманово и Дамјан Петровиќ ППК "Дебар Маало" од Скопје 

Јуниори 

1 место Јаков Јакимовски ППК "КУМАНОВО" од Куманово 
2 место Лука Огненоски ППК "Младост 96" од Прилеп 
3 место Вања Спасиќ ППК "Дебар Маало" од Скопје и Давид Јонески ППК "Младост 96" од Прилеп 

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk