Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Капитенот на тимот на Ливерпул, Стивен Џерард ќе го пропушти крајот на сезоната заради повреда, потврди тренерот Кени Даглиш.
Џерард беше отсутен од терените неколку седмици по операцијата на препоните. Минатото коло требаше да се врати, меѓутоа во петокот на тренинг заработил нова повреда.
Се уште не е познат карактерот на повредата, меѓутоа Даглиш изјави дека нема да ризикува.
„Се уште не знаеме што е точно проблемот, но нема веќе да го користам Џерард оваа сезона. Што е точно повредата ќе дознаеме по прегледот од специјалист.“ изјави Даглиш.
Освен Џерард во тимот на Ливерпул на листата на повредени се наоѓаат и Даниел Агер, Глен Џонсон и Мартин Кели.
„Мораме да се носиме со повредите. Со почит спрема повредените играчи, но нам најважно ни е тие да се здрави. Во моментов и јас сум добар на теренот колку и Џерард.“ заврши Даглиш.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk