Џилардино: Михајловиќ е спремен за Интер

17.06.2011 11:20 | KumanovoNews

Синиша Михајловиќ брзо се појави на листата на кандидати за тренерското место во Интер, одкако Леонардо би можел да го предзеде директорското место во ПСЖ.

Џилардино: Михајловиќ е спремен за Интер

Медиумите во Фиренца објавија дека прва желба на Морати е Марсело Бјелса, а доколку тој не пристигне на Џузепе Меаца, резервна опција е тренерот на Фиорентина, поранешен играч и помошен тренер на Интер, Синиша Михајловиќ.

Кон шпекулациите се придружија и други медиуми, додека Алберто Џилардино изјави дека тоа би бил полн погодок за Михајловиќ.

Интер е одлична можност за него. Мислам дека ќе нема никакви проблеми. Михајловиќ е спремен. Има одличен карактер и желба да успее. Фиорентина му помогна само да се развие. Тој е голем работник и прекрасен човек - изјави Џилардино.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk