Екипата на Пеќ победи во Куманово

10.12.2014 22:08 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија и во вториот наптревар против тимот на Пеќ, со резултат 83-93.

Екипата на Пеќ победи во Куманово

Присутните во Спортската сала во Куманово проследија неизвесен меч, а првата четвртина заврши нерешено со резултат 16-16. Жешко беше на теренот, но и на трибините. Атмосферата еруптираше во салата додека присуствуваа гостинските навивачи, а одкако состојбата можеше да ескалира, полицијата ги одстрани гостинските навивачи пред почетокот на втората четвртина.

Куманово ја загуби предноста во вториот период но брзо по тоа и успеја да ја врати, па на полувреме замина со 5 поени предност.

Јанески со тројката на почетокот од второто полувреме ја постави најголемата разлика од 8 поени, а кон средината на четвртината Куманово повторно водеше со 8 поени разлика. Сепак не успејаа да го „прекршат“ натпреварот и Пеќ успеја да поведе пред почетокот на последната четвртина.

Куманово беше рамноправен противник во текот на целиот натпревар, а само во последниот период водството се смени девет пати наизменично меѓу двата тима.

Пеќ направи резултатски пресврт во последната минута, за да на крај оваа победа и изгледа убедлива со 10 поени разлика и резутлат 83-93.

Најефикасен поединец на натпреварот беше Јан Мочник со 28 поени. За Куманово Мандиќ постигна 23 поени, а солидно деби имаше и Луковиќ со 20 поени и 10 скока.

Со овој пораз Куманово има скор од три победи и два пораза. Исто толку имаат Сутјеска и Рилски Спортист со натпревар помалку кој ќе го игра утре против Теодо.

Следниот натпревар Куманово го игра во сабота, кој е и последен за 2014 година, против екипата на Струмица, во рамките на домашното првенство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk