Екипата на Вардар го освои Купот на Македонија

19.05.2014 06:32 | KumanovoNews

Ракометарите на Вардар вчера на финалната средба на Купот на Македонија во Охрид го совладаа градскиот ривал Металург со резултат 30-28.

Екипата на Вардар го освои Купот на Македонија

Избраниците на шпанскиот тренер Раул Гонзалес одлично го започнаа натпреварот кога направија серија од 6-0 и во првото полувреме заминаа на пауза со предност од 3 гола позитива.

Во второто полувреме имаше малку пожестока игра за да на 3 минути пред крајот на натпреварот резултатот биде нерешен (27-27).

Но сепак Вардарци вчера го освоија и вториот трофеј сезонава по триумфот во Сеха лигата и вкупно деветиот во Купот на Македонија.

Најефикасни во таборот на победниците беа Тимур Дибиров со осум погодоци и Матијаж Бримен со седум. Кај Металурзите најефикасен беше Ренато Вугринец со седум погодоци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk