Екипите на Крива Паланка и Крушево најдобри на Државното првенство на пинг понг за кадети

18.11.2019 10:27 | KumanovoNews

Во организација на Пингпонгарската федерација на Северна Македонија и Пинг понг клуб „Куманово“, во сабота во Куманово се одржа 28-то Државно екипно првенство во пинг понг за кадети и кадетки.

Екипите на Крива Паланка и Крушево најдобри на Државното првенство на пинг понг за кадети

Натпреварувањата беа во спортската сала во Гимназијата „Гоце Делчев“, а учествуваа 15 екипи од 12 клуба од државата. Од нив 9 беа во категорија на кадети и 6 во категорија на кадетки.

Државни прваци за 2019 година се екипата на ППК „Крива Паланка“ од Крива Паланка во категорија на кадети и екипата на ППК „Крушењво“ од Крушево кај кадетките.

„По мошне интересни и возбудливи натпревари во вечерните часови беа прогласени и најдобрите екипи со доделување на медали, дипломи и пехар за победникот во секоја категорија. Екипата на ППК „Куманово“, составена од млади пингпонгари кои се половина година во тренанжен процес, одиграа во границите на своите моментални можности и се седми во категорија на кадети“ – изјави тренерот и координатор на ППК „Куманово“ Мики Трендафиловски.

Првенството го отвори претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Филип Колевски, кој ги поздрави учесниците во име на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk