Енди Мареј: Имам шанси за титула на Ролан Гарос

05.02.2013 10:31 | KumanovoNews

Иако само еднаш во кариерата дојде до полуфиналето на Ролан Гарос, третиот тенисер на светот Енди Мареј смета дека оваа сезона има шанси да ја освои титулата во Париз.

Енди Мареј: Имам шанси за титула на Ролан Гарос

Натпреварите кои се играат на песочна подлога се многу важни за мене оваа сезона, потребно ми е нешто подолго време да се навикнам на таа подлога, не ми е “природна“. Но, верувам дека имам шанса да го освојам Ролан Гарос. Ќе треба добро да се подготвам и максимално да го искористам секој ден-рече Мареј кој во април нема да настапи за Велика Британија со Русија во Дејвис купот.

На трева и бетон се чувствувам подобро, но за на песок ми е потребно подолго време, морам да тренирам со часови. На земја минатата година имав проблеми со грбот и морав да паузирам-додаде Шкотот.

Мареј во финалето на Австралија Опен загуби од Новак Ѓоковиќ, тоа беше трет пат Мареј да загуби во борбата за титулата во Мелбурн.

Вториот Грен слен “Ролан Гарос“, Франција, ќе се одржи од 26-ти Мај до 9-ти Јуни 2013 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk