ЕП: Домаќинот Данска обезбеди полуфинале

21.01.2014 07:14 | KumanovoNews

Европскиот шампион кој е воедно и домаќин на Европското првенство, репрезентацијата на Данска прва обезбеди пласман за полуфинални натпревари откако вчера оствари победа против екипата на Унгарија со резултат 28:24.

ЕП: Домаќинот Данска обезбеди полуфинале

На другите два дуела во второто коло од групата 1, нашата репрезентавија загуби од Исланд со само 2 гола разлика 29:27, додека репрезентацијата на Австрија беше поразена од светскиот првак Шпанија со резултат 28:27.

Табела: Данска 8 бодови, Шпанија 6, Исланд 5, Унгарија 3, Македонија 2, Австрија 0.

Денеска се играат дуелите од групата 2, репрезентацијата на Русија против Хрватска со почеток во 15.45 часот, Франција против Белорусија во 18 часот и репрезентацијата на Полска против Шведска со почеток во 20.15 часот.

Репрезентативците на Франција со победа веднаш обезбедуваат пласман во полуфиналето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk