ЕП: Србија без главните играчи против Македонија

24.01.2012 13:07 | KumanovoNews

Во последната рунда од втората фаза, Македонија во 1/2 финалето ја води теорија. Треба да изгубат Германија и Данска додека избраницте на Шундовски да триумфираат над домаќинот Србија.

ЕП: Србија без главните играчи против Македонија

Србија со победата над Шведска обезбеди пласман во 1/2 финалето, така пред дуелот со Македонија ќе влезат растоварено, и тука ја гледаме нашата шанса.

- Ракометарите кои го носеа товарот во изминативе натпревари, ќе ги одмарам, најверојатно Илиќ и Манојловиќ. Со Македонија ќе играме растоварено, веќе сме во 1/2 финалето и треба да сме 100% подготвени за понатамошните натпревари од ЕП - истакна селекторот на Србија, Веселин Вуковиќ.

Дуелот помеѓу соседите Србија - Македонија е утре на програмата во 20:15 часот, а увертира за овој меч се натпреварите Полска - Германија 16:15 часот, Данска - Шведска 18:15 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk