Eвропскиот класик ja отвора четвртфиналната програма на СП

04.07.2014 12:49 | KumanovoNews

Со наптреварот помеѓу Франција и Германија ќе започнат четвртфиналните дуелни на Светското првенство во Бразил.

Eвропскиот класик ja отвора четвртфиналната програма на СП

Во 18 часот на „Маракана“ силите ќе ги одмерат европски најдобрите репрезентации кои имаат долга историја на меѓусебни дуели. Франција има подобар учинок со 11 победи, две повеќе од Германија, а пет пати овие две репрезентации одиграле нерешено.

Франција може да се надева на победа, имајки го фактот дека на последните седум мечеви имаат само еден пораз.

Од 22 часот, на програмата е вториот четвртфинален дуел, каде што ќе имаме Јужно Американски дуел помеѓу репрезентациите на Бразил и Колумбија.

Јужноамериканскиот дуел се чини поинтересен и во исчекување сме на мајсториите на Нејмар и Родригез, кој е вистинско изненадување на првенството. Сепак, последните четири натпревари помеѓу овие два тима завршиле нерешено, а три од нив без постигнат гол.

Овој натпревар започнува во 22 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk