Европско првенство на Градскиот кеј

08.06.2012 10:49 | KumanovoNews

  Европското првенство во фудбал кое започнува денеска ќе може да се следи и во кафе-барот на Градскиот кеј.

Европско првенство на Градскиот кеј

Натпреварите ќе се следат на голем видео бим кој за таа намена ќе се постави во барот.  Ќе бидат инсталирани и дополнителни монитори со кои ќе се добие непречен визуелен и аудио пристап од сите позиции каде што ќе бидат сместени гостите.

Организирано следење на натпреварите ќе има секоја вечер за време на натпреварите во централниот термин од 20:45 часот до 1 јули додека трае првенството.

Покровител на настанот е градоначалникот и Советот на Општина Куманово,  помогнато од неколку фирми кои обезбедиле награди за посетителите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk