Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бoксерскиот клуб Фајтер од Куманово освои две победи и доживеа два порази на државното првенство што викендов се одржа во Куманово.
На натпреварувањето учество зедоа 6 боксери, од кои двајца немаа противници во нивните категории, додека другите боксираа и остварија половичен ефект: две победи и два тесни порази.
Во јуниорска конкуренција боксерот Николче Митевски до 64 кг. со одлука на судиите од 2-1 го победи Мендо Џеладини од БК Тернипе. Во сениорска конкуренција Зекир Зекири во категорија до 56 кг. на поени убедливо со 4-1 го победи Ердуан Авдула од БК Шкупи. Ибраим Мустафи во категорија до 64 кг. Tесно беше поразен со 0-1 од Серхан Мемедов БК Скопје, а истата судбина ја доживеа и Гордан Антиќ во категоријата до 64 кг., кога беше поразен со 0-1 од Мухамед Кадриев БК Баргала.
Следниот настап на нашите боксери е бидее следниот викенд на 11 и 12 декември во Битола ќе се одржи поединечно државно првенство во бокс.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk